Северина не се откажува: Бара половина од имотот на кралот на бакарот

Северина Вучковиќ на поранешниот вереник не му дозволи Божиќ да го помине со нивниот син, но и таа на прославата за Нова година ќе биде сама бидејќи не може детето да го изнесе преку граница во Црна Гора.

„Без разлика дали родителите се во брак или разведени, имаат законска обврска да дадат согласност за патување на нивното малолетно дете. Законот е јасен и ист за сите, и за Северина како и за останатите мајки. Без согласност од Милан Поповиќ дека неговиот син Александар може да влезе во Црна Гора, нема тоа да биде овозможено. Ќе биде вратен од граница“,  вели извор од црногорската полиција.

Со оглед на тоа дека српскиот бизнисмен не даде соглансност неговиот син да патува со мајката во Црна Гора, таа ќе мора Александар да го остави во Хрватска.

Инаку, Северина е упорна од идејата богатството на Милан да се подели на половина. 

- „Според законот во Хрватска, ако живееш со партнерот две години во вонбрачна заедница и со него имаш дете, тогаш стекнуваш право на дел од неговиот имот. Затоа Северина во јавноста постојано истакнуваше дека таа и Милан се заедно, па дури и измислуваше дека се верени, за подоцна да го добие неговиот имот, вели добро известен извор, кој додава дека Северина уште летово ангажираше адвокат за да го попише неговиот имот, а сега и ќе се обиде и да му го земе. Таа отиде толку ниско што дури бараше да се земе предвид и донациите кои тој ги давал во фондот “Битка за бебе“.

30.12.2013 - 11:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега