Легија заврши во болница

45- годишниот Милорад Улемек Легија вчера бил префрлен во Ургентиот центар во Белград, а по прегледот бил вратен во затворот во Забела наречно "Алкатраз".

- Улемек се пожали на силни болки во стомакот. По препорака на лекарот и со согласност од Вишиот суд во Белград и со асистенција од Жандармеирајата е префрлен во Угрнетниот центар, по што е вратен во затвор, изјавиле  за српски "Блиц" од Управата за извршување кривични санкции.

Милорад отслужува казна од 40 години поради убиството  на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, за убиството на Иван Стамболиќ и атентатот врз Вук Драшковиќ во Будва, за убиситво на четири члена на СПО на Ибарската магистрала како и за други злосторства на земунскиот клан.

27.12.2013 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега