Словенија ја одбележува независноста

Денеска и утре во Словенија се одбележува Денот на независноста, кога пред 23 години речиси 90% од словенечките жители на референдум се изјаснија за отцепување од поранешна Југославија.

Празникот денеска ќе биде одбележен со свечености на локално ниво, додека централната прослава ќе се оддржи утре.

Премиерот на Словенија  Аленка Братушек во поздравниот говор до граѓаните по повод пвпј празник и Божик направи споредба меѓу тогашната политичка и сегашната економска криза.

- Карактеристика на зимските месеци од 1990 и 1991 година беше желбата на нашиот народ за самостојност и суверенитет, а суверенитетот на нашата држава и оваа година беше важно прашање, изјави Братушек, истакнувајќи дека Словенија го зачувала својот суверенитет со одлуката сама да решава за своите финансиски проблеми, а не со помош од надвор.

Таа потенцира дека и во кризата земјата треба да остане социјално силна и солидарна држава.

- Соработката и единството со сигурност ќе не доведат до заедничката цел, а таа е суверено, солидарно и праведно општество. Ќе не доведе до држава во која солидарноста има предност пред егоизмот и каде соработката се става над сопствените интереси, изјави словенечкиот премиер.

26.12.2013 - 16:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега