Ќе се воведе закон за спречување на Србите да војуваат во другите држави

Во Србија денеска би требало да се донесе закон со кој би се спречиле Србите да војуваат во други држави.

Според српскиот вице-премиер и министер за надворешна и вантрешна трговија, телекомуникации и информатичко општество Расим Љајиќ со ваквиот закон би требало да се предвидат и санкции за лицата кои регрутираат доброволци за војување во странство, како и за оние кои ќе се приклучат кон странски воени или паравоени формации.

Тој предлага организаторите на доброволците да биде санкционирани со затворски казни во траење до пет години, а лицата кои ќе учествуваат во борби во странство да добиваат до три години затвор.

- Има и уште една можност, што ја воведе Австрија, а тоа е секој оној што ќе прустапи кон странска воена или паравоена формација да го загуби државјанството, потенцира српскиот вице-премиер.

Тој нагласи дека за ваквииот предлог очекува напади врз него и неговата партија, особено од вехабистите, кои, како што оцени, „претставуваат се поголема закана за безбедноста“ на Србија.

26.12.2013 - 15:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега