Лебот во Алепо поскапе за 900 отсто

 


Со падот на претседателството на Башар ал Асад, хуманитарната ситуација во Сирија останува нестабилна, соопштија Обединетите нации.

Болниците низ Сирија се преполни со голем број пациенти со тешки повреди и трауми, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Многу луѓе страдаат од огромен психолошки стрес, а особено децата покажуваат знаци на траума, објави во вторникот OCHA.

Во многу големи градови, како што е главниот град Дамаск, има недостиг од храна. Од почетокот на офанзивата на бунтовниците, цената на лебот во градовите како Идлиб и Алепо се зголеми за 900 отсто.

ОН проценуваат дека од почетокот на офанзивата на бунтовниците предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), околу еден милион луѓе се раселени во Сирија. Продолжува движењето на бегалците, се наведува.

OCHA предупреди на мински полиња кои го ограничуваат движењето на луѓето и испораката на стоки. Во изминатите 10 дена низ државата се идентификувани најмалку 52 мински полиња.

11.12.2024 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега