Преживеа бебенцето тешко само 400 грама!

 

Бебето Конор Соенсен кое се роди пред 4 месеци со тежина од само 400 грама, успеа да победи во битката за животот. Ова мало момченце за кое докторите речиси и немаа надеж деќа ќе преживее, родено во 24-та недела од бременоста, издржало неколку операции и денеска е живо и здраво.

- Кога се роди, докторите советуваа да го фотографираме бидејќи беше толку мал што не веруваат дека ќе преживее. Некој предложи на едното ноџе да му ја ставам мојата бурма за да се види колку е малечок. Денес се вознемирувам кога ја гледам таа фотографија и сфаќам колку напредувал, вели таткото.

- Конор е храбар, силен, тој е борец и направи се што можеше за да остане со нас. Го дочекавме и овој ден, и сега заедно одиме дома, вели мајката.

Денеска храброто бебенце тежи 3,300 килограми.

26.12.2013 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега