ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ креира тензии - одговорност ќе има, ниту Ахмети не е над законот
ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор - се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор. Така владееја над 20 години. ДУИ треба да знае дека СДС не е на власт, а ДУИ е опозиција. И сите нивни инструменти и потрчковци кои ќе посегнат по рушење на редот и поредокот ќе одговараат. Ниту ДУИ ниту Ахмети не се над законот.
Наместо протести, бидејќи ДУИ нема сила за протести добивме кукавичко сценарио за етнички поделби и конфликти. Ќе загубите и овој пат.“ - се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа