(ВИДЕО) Снегот ја парализираше Турција: Училиштата затворени, спасени 787 лица од завеани патишта

 


Поради снежни врнежи и други неповолни временски услови, наставата е прекината во 20 од вкупно 81 провинција во Турција и во одредени области во пет провинции, јавува Си-Ен-Ен Турк.

Училиштата денеска ќе бидат затворени поради снежни врнежи, снежни виулици, мраз и невреме во Самсун, Кајсери, Нигде, Невшехир, Болу, Гумушане, Бајбурти, Јозгат, Токат, Сивас, Кахраманмарас, Ерзинџан, Киршехир, Кастамон, Караман, Малатија и други провинции, пренесува медиумот.

 

Поради врнежи од снег и мраз, училиштата ќе бидат затворени во некои делови на уште пет провинции, а раководството на одредени области одлучи утре да ја прекине наставата.

Во провинцијата Малатија, на истокот од земјата, од снежните наноси на патиштата спасени се 787 граѓани, јавува Танјуг.

Во областа Хекимхан спасени се пет овчари кои на планината беа покриени со снег, но еден од нив подоцна почина во болница. Работите на расчистување на патиштата и спасување граѓани продолжуваат.

25.11.2024 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа