Албанскиот претседател Нишани честитката за Божик ја измеша со Велигден

Албанскиот претседател Бујар Нишани, упати честитка до Албанците по повод Божикните празници. Но, шефот на државата честитката за Божик ја измеша со честитка за Велигден.

Во неговата честитка Нишани зборува за воскреснување на Христос, а не за неговото раѓање.

Гафот на претседателот оди понатаму кога вели дека Божик е празник на воскресението.

- Честит Божик. Честит светиот ден на Вскреснувањето. Божик, кој е ден на Воскреснувањето претставува празник на трпение, благосостоја, разбирање, доближување, помирување, мир, разубавување и богатство на животот, пишува Нишани во честитката.

Сличен гаф лани направи и косовската претседателка Атифете Јахјага.

25.12.2013 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега