Воз излета од шините во Норвешка - неколкумина се повредени

 


Патнички воз излета од шините денеска во северна Норвешка, а железничкиот оператор СЈ објави дека нема тешко повредени.

Според полициското соопштение, локомотива и пет патнички вагони излетале од шините.

Операторот СЈ изјави дека биле продадени 90 билети, но дека не може веднаш да го потврди точниот број на луѓе во возот.

„Прелиминарните извештаи укажуваат дека нема потешко повредени патници“, соопшти СЈ.

Претставник на полицијата изјави дека „пет или шест повредени“ се хоспитализирани и дека „никој не е во животна опасност“, пренесува агенцијата АФП.

Норвешката новинска агенција „НТВ“ јавува, цитирајќи го Заедничкиот координативен центар за спасување дека „во возот имало меѓу 50 и 70 луѓе“.

Возот бил на пат кон градот Бодо, северно од Арктичкиот круг.

Норвешкиот дневен весник „ВГ“ објави фотографии од местото на несреќата, направени од патници, на кои се гледа дека локомотивата се превртела на страна.

На местото на несреќата веднаш пристигнале возила на итната помош.

24.10.2024 - 18:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа