Ова се докторите кои попладнево беа уапсени на скопскиот Клинички откако примиле поткуп

Професор-доктор Ј.Н. оториноларинголог и специјализантката Н.П. се уапсени во полициската акција на скопските Клиники во клиниката за оториноларингологија, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, докторите се уапсени откако биле пријавени од пацинет од кого барале поткуп. Пациентот и се обратил на полицијата која му дала маркирани банкноти. Тој им ги дал на лекарите по што влетала полиција и ги уапсила. Според информациите кои веќе ги објави Press24 полицијата извршила претрес во нивните канцеларии на Клиниката за уво нос и грло и во нивните домови. 
Од МВР и официјално ја потврдуваат акцијата но не откриваат детали околу идентитетот на сторителите.

23.12.2013 - 22:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега