На канарски остров за 24 часа се регистрирани повеќе од 50 земјотреси

На канарскиот осторв Ел Хиеро за 24 часа сe регистрирани повеќе од 50 земјотреси, само две години откако нов вулкан се појави на неговиот јужен брег, објави шпанскиот Национален географски институт.

- Обновената сеизмичка активност за сега не предизвика никакви штети, соопшти портпаролката на регионалната Влада.

Претходно, при ерупција на вулканот беа евакуирани жителите од пристаништето Ла Рестига, беа забранети прелетите над јужниот врв, а на бродовите им беше препорачано да го избегнуваат подрачјето.

Ел Хиеро има околу 11.000 жители.

23.12.2013 - 16:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа