Во престрелка на свадба се ранети четири лица

Четири лица беа ранети денеска по престрелка на свадба во Санкт Петербург, соопшти локалната полиција.

До инцидентот дошло кага на свадбената веселба во локален ресторан започнала расправија меѓу гостите. Некои од учесниците во расправијата употребиле оружје со гумени куршуми, при што биле ранети четири лица, кои се пренесени во болница.

Младоженците не биле меѓу повредените.

23.12.2013 - 16:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега