ФОТО: Трогателна разделба од најдобриот пријател!

Фотографија која покажува како 21-годишниот Мик Петросин се простува од своето куче Русти го „преплави“ светот.

Мик е снимен на болничкиот кревет со својот најдобар пријател, милениче, кој е со него од детството. Фотографијата е објавена на „Редит“, а по кратко време беше обелоденето дека на Мик му преостанале уште само неколку денови живот.

- На мојот пријател Мик му беше дијагностициран рак од осмо одделение. Тогаш лекарите прогнозираа дека тој има само три проценти шанси да ја преживее првата година. По осум години, по ампутацијата на ногата и четири кури хемпотерапии, пред два дена, дознаа дека лекувањето повеќе не може ништо да направи, објавено е покрај фотогарфијата на „Редит“.

Фотографијата ја снимил братот на Мик.

- Тоа беше најемотивниот момент во мојот живот. Русти беше многу емотивен кога Мик му го упати својот последен поздрав. Последните денови Русти седи покрај омилениот кревет на Мик и квичи, што е многу ретко за него, наведе Џон

23.12.2013 - 16:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега