Од утре ќе се дише полесно

Веќе од утре ќе може да дишеме полесно, а во наредните неколку дена метеоролозите прогнозираат ветер, сонце и дожд, што е предуслов за расчисутвање на загаденоста. Од Министерството за животна средна сметаат дека мерките за заштита до загадувањето кои Владата ги донесе престануваат од утре. Доколку продолжи ваквиот тренд на временските услови, во тој случај од владата најавија подрастични мерки. Покрај владата придонес во борбата против загадувањето имаше и невладиниот сектор, кој на денешната средба со Министерот за животна средина предложи итни решенија за намалување на загаденоста. 

Според последните податоци од мерењата на Министерството за животна средина, воздухот останува најзагаден во Центар и Карпош. Денеска, покрај скопјани и Тетовци се гушат во магла и смог поради загаденоста, која е неколку пати над дозволените граници. 

 

23.12.2013 - 16:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега