Ана Ивановиќ одбила да глуми во филм

Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ добила понуда за снимање на филм. Сепак како што пишуваат медиумите таа ја одбила понудата и решила да не се откажува од својата спортска кариера.

Иако веќе некое е време се занимава и со модни настани и реклами, а неодамна беше објавено и дека снима песна сепак ја одбила улогата во холивудското остварување.

„И порано сум добила понуда, но главно од независни продукции, а беше само една улога во вистински холивудски филм, која делуваше навистина возбудлива. Оваа улога подразбираше поголем ангажман и во потполност би ми одговарала бидејќи се работи за акционен филм,“ изјавила Ана.

На медиумите таа им објаснила дека ова би било прекрасно искуство, но веќе има премногу обврски.

 

„За само неколку сцени, и десетина редови текст, би морала да одвојам осум часа за снимање. Не сум подготвена, а и немам толку волја за да жртвувам толку тренинзи поради улогата“, вели Ана.

23.12.2013 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа