Македонија на врвот во Европа по трансплантација на бубрег од живи дарители

Досега во Македонија се регистрирани околу 1500 пациенти на дијализа, а секоја година нивниот број се зголемува за околу 80 нови. Една третина од нив се потенцијални приматели на бубрег, односно околу 500 пациенти кои чекаат на трансплантација. 

Здружението за бубрежно болни граѓани НЕФРОН, денеска на прес конференција ја промовираа брошурата „Органодарителство-највисок чин на човекољубие - Ајде да зборуваме за тоа!“, и уапатија апел до сите граѓани да размислат колку е хумано да се биде органодарител.

Статистиката покажува дека во 2012 година во Македонија со 13,3% на милион жители е лидер во Европа по трансплатација на бубрег од живи дарители. Од друга страна пак се наоѓа на последното место по катаверична транспантација. 

Веднаш зад нас се Шпанија со 7,7, Грција со 3,6 и Хрватска со 2 отсто на милион жители  направени транспланатации на бубрег од жив дарител.

Според статистиката, во Македонија минатата година не била извршена ниту една катаверична трансплантација на бубрег, заатоа од здружението НЕФРОН апелираа за заживување на катаверична трансплантација во Македонија.

Директорката на Фондот за здравстено осигурување, Маја Парнарџиева –Змејкова упати апел до сите граѓани кои досега не направиле испитувања во фамилијата за да проверат дали некој од нивното семејство е компатибилен донатор да го нправат тоа и да контактираат со Клинината за нефрологија.

-Но би испратила апел и до сите останати граѓани да контактираат со Клиниката на нефрологија да направат испитувања врз основа на нивните и врз основа на нивните испитувања кога ќе почне трансплантацијата од починат донор да имаме база за веднаш пронајде донорот до примателот, рече Парнарџиева –Змејкова.

Претседателот на здружението „Нефрон“, Љубинко Трпеновски потсети дека секој човек може да биде потенцијален дарител на органи, но и потенцијален примател.

23.12.2013 - 15:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа