Муслиманите кои работат во продавниците на „ Маркс енд Спенсер“ нема да продаваат свинско месо и алкохол

Управата на една од најстарите ланци продавници „Маркс енд Спенсер“ одлучи продавачите муслимани да не ги послужуваат купувачите кои купуваат продукти од свинско месо и алкохолни пијалоци.

Портпаролката на „Маркс енд Спенсер“ истакна дека фирмата со години се обидува да обезбеди соодветни услови за вработените чија религија не им дозволува да допираат одредени пијалоци и храна. Таа посочи дека дел од продавачите ќе бидат префрлени во други оддели.

Одлуката предизвика полемика во јавноста, а „Маркс енд Спенсер“ се соочува и со бојкот од граѓаните. На Фејсбук веќе 8.000 лица се изјасниле дека ќе ги бојкотираат продавниците на „Маркс енд Спенсер“.

Една клиентка раскажува дека касиерка муслиманка одбила да и го наплати виното и ја препратила на друга каса.

23.12.2013 - 14:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега