На Султанот Сулејман му се заканувала голема опасност во Белград

Халит Ергенч, или познат како Султан Сулејман од истоимената серија пред некој ден го посети Белград и уште при самото слетување имаше инцидент.

Сепак тоа не беше единствениот и како што пишуваат срспките медиуми полицијата го предупредила Халит Ерегенч дека нема да можат да го заштитат додека се дружи со обожавателите во центарот на градот бидејќи во метежот нема да можат да ги воочат екстремистите кои упатиле закани до актерот.

На славниот турски глумец му се заканувале екстремистите на социјалните мрежи со вербални напади, па оттука полицијата стравувала дека нема да може да ги забележи во толпата народ која сакала да се дружи со него.

Низ ценатарот на Белград имало и плакати против серијата „Сулејман Величествениот“. На едниот плакат пишува „Обилиќ е големина, Сулејман е само плунка“.

 

Актерот останал во хотелот, а организаторите рекле дека дружењето е откажано поради студот.

23.12.2013 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега