Босанците трошат најмногу пари во коцкарници

Босна и Херцеговина според бројот на обложувалници и коцкарници, во споредба со бројот на жители, е водечка земја во Европа, пишува бањалучкиот весник „Независне новине“.

Според проценките, околу половина милион босанско-херцеговски граѓани парите ги трошат на игри на среќа, што, според проценката на експертите, претставува „алармантна бројка“.

Психолозите предупредуваат дека коцкањето почнува за забава, па прераснува во интерес, за да на крајот се се заврши со зависност.

- Со стимулирани повремени добивки, луѓето ризикуваат, вложуваат и губат, појаснува психологот Александар Милиќ.

Во Фондот „Херц“, кој на граѓаните им нуди помош во одвикнувањето од коцкање, потврдуваат за весникот дека БиХ во регионот, па и во Европа, е држава со најголем број коцкарници по глава на жител.

Началникот на Одделението за инспекциски надѕор во Републичката управа за игри на среќа Марина Илиќ, потврди дека во 2013, при инспекциски контроли, не се евидентирани случаи на откривање малолетници во наменски објекти за игри на среќа.

23.12.2013 - 13:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега