ФОТО: Очилата и го спасиле животот!

Шеснаесет годишно девојче од Сиетл избегнала тешка повреда од куршум испукан од автомобил. Како што информирала полицијата нејзиниот живот го спасиле очилата бидејќи куршумот се одбил од нив.

Таа заспала на креветот во дневната соба, кога од автомобил кој минал покрај нејзината куќа биле испукани куршуми.

Неколку куршуми го пробиле ѕидот, додека еден минал низ прозорецот и удрил во рамката од нејзините очила. Девојчето претрпела полесни повреди и е во болница.

„Имала голема среќа“, додава Џемисон. Уште некои членови од семејството во тој момент биле дома, но никој друг не е повреден.

Полицијата верува дека станува збор за пресметка меѓу две банди и дека девојчето не била цел на нападот.

 

 

23.12.2013 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега