Бесен сопруг и го извадил окото на бидејќи го изневерувала

Бесен сопруг од кинеската провинција Гуанси, со рака ѝ го извадил окото на неговата сопруга, откако дознал дека таа не е среќна во нивниот брак, и дека има нова врска.

Ли има 39 години, а својот сопруг Лонг го запознала преку интернет.Според нејзините изјави тој многу се променил откако  одбила да му помогне да го врати долгот кој го имал неговото семејство од 18.000 евра.

Лонг за кратко време почнал и да ја тепа, а воедно ѝ ги одзел и сите документи за идентификација. Откако се заканил дека ќе ѝ наштети на нејзините родители, тој ја принудил да стапи во брак со него.

Откако тој дознал дека таа има нова врска и ги фатил заедно физички ги нападнал и двајцата.

 

Обидувајќи се да го заштити мажот кој што бил со неа, Ли го испровоцирала до тој степен што Лонг со сопствената рака ѝ го извадил левото око.

23.12.2013 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега