Добил 30 години затвор бидејќи учествувал на протести

Државјанин на Саудиска Арабија, кој припаѓа на шиитското малцинство е осуден на 30 години затвор поради насилства за време на протестите против интервенцијата на официјален Ријад во соседен Бахреин во 2011 година, објавија денеска локалните медиуми.

Затвореникот, чиј идентитет не е објавен, е прогласен за виновен поради учество во протестите во градот Катиф во источниот дел на земјата и за барање на повлекување на саудиските сили од Бахреин.

Саудиска Арабија им помогна на безбедносните сили на Бахреин да го смират бунтот на шиитите, кои во март 2011 година бараа демократски реформи во земјата.

 

Весникот „Ал Хајат“ наведува дека осудениот бил обвинет за фрлање молотови коктели врз полициските сили што интервенирале за разбивање на демонстрантите во Катиф

23.12.2013 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега