Активирана е нова руска нуклеарна подморница

Руската морнарица ги воведе денеска во служба нуклеарните подморници на новата генерација од класата „бореј“.

Подморницата е дел од класата од новата генерација, која, како што се тврди, ќе биде столб на поморската одбрана во следните децении.

Церемонијата на пуштање на подморницата во употреба првобитно била планирана за 21 декември, но е одложена за два дена.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу присустуваше на спуштањето на подморницата во водата во градот Северодвинск, во северна Русија. 

23.12.2013 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа