Повеќе од 20.000 демонстранти против расизмот во Шведска

Околу 20.000 шведски граѓани вчера се собраа во предградието на Стокхолм, Карторп, на демонстрации против расизмот и нацизмот. Многумина познати артисти и политичари учествуваа во демонстрациите, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Непосреден повод за демонтрациите беше минатонеделниот напад на анти-расистичкиот собир во споменатото предградие од страна на нацистичкото Шведско движење на отпорот, при што поголем број демонстранти и полицајци беа повредени, а дваесетина лица беа уапсени.

На вчерашните протести во Карторп беа присутни голем број водечки шведски политички личности, меѓу кои претседателот на Парламентот Пер Вестерберг, кој инаку е од редовите на владејачката партија на Модератите, како и лидерите на партиите кои го сочинуваат шведскиот левичарски блок - социјалдемократите, зелените и Левата партија.

Викендов на повеќе места во Шведска се одржаа антирасистички манифестации, меѓу другото во Борос, Лулео, Малме, Мотала и Остерсунд. Демонстарции против расизмот и насисмот вчера се одржаа и во главниот град на Финска, Хелсинки. 

23.12.2013 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега