На Антартикот е пронајдена порака во шише која најави климатски промени

Двајца истражувачи во зафрлените делови на канадскиот Арктик пронајдоа порака во шише, речиси 800 километри подалеку од најблиското населенп место. Пораката датира од 1959 година.

Како што пренесува „Халифакс Кроникл Хералд“, истраживачите од Универзитетот во Квебек го истражувале работ на глечерот на островот Ворд Хант, што е најблиска точка на Канада до Северниот пол.

Меѓу карпите откриле порака за пластично шише потпишано со имињата на Пол Вокер и Алберт Крери, кои се познати меѓу поларните геолози.

- Веднаш ги препознав имињата, затоа што највисоката точка на островот Ворд Хант се вика Вокер Хил. Веќе десет години кампираме во ова место, рече Ворвик Винсент, директор на центарот за северни студии на Универзитетот во Квебек.

Во времето кога пораката е напишана, Вокер бил 25- годишен геолог од  Охајо, а Крери негов колега од Бостон.

Според наводите на „Бизнис инсајдер“, авторите на пораката од пронаоѓачите на истата, барале повторно да се измери оддалеченоста меѓу блиската карпа и работ на ледената платформа.

- Ве молам повторно да ја измерите оддалеченоста и испратите информации на адреса Пол Вокер во Охајо, пишуваше во пораката.

За жал, геологот никогаш не добил одговор на својата молба. Набрзо доживеа удар, по кој останал парализиран, а на крајот  и починал.

Канадските истражувачи го исполниле неговото барање и утврдиле дека работ на ледената платформа во меѓувреме се повлекла за 60 метри.

- Неверојатно е што одлучил да остави порака токму на тоа место, затоа што во текот на 50-тите било незамисливо дека ледот ќе почне да се топи. Ги прочитавме неговите последни зборови, изјави Винсет за „Лос анџелес тајмс“

23.12.2013 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа