Во Дубаи е запленето рекордно количество на дрога

 

Полицијата во Дубаи соопшти дека запленила рекордно количество од 4,6 милиони таблети каптагон во вредност од 31,3 милиони долари.

Началникот на полицијата генерал-мајор Хамис Матар ал Мазена заплената на дрогата ја оцени како тежок удар врз нарко трговците во Обединетите Арапски Емирати, наведува весникот „Халеџ тајмс“.

Во шверцот на наркотиците учествувале пет лица од различни арапски земји, додека тројца од нив се уапсени.

Каптагонот е лек, стимуланс сличен на амфетаминот, со строго медицинска примена.

23.12.2013 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа