ВИДЕО: Тапанарот на Карлос Сантана 40 години живеe како просјак

По цели 40 години Карлос Сантана го пронашол својот пријател и поранешен ташанар. Како што пренесува Дејли Мејл тапанарот Маркус Малоун со години живеел како бездомник на улиците на Оукленд.

Додека правел интервју за нелегалните депонии новинарот Стенли Робертс, го запознал Мелоун кој му раскажал за времето кога соработувал со Сантана.

Се покажало дека просјакот ја зборувал вистината и декатој на времето имал своја група и свирел со Сантана до 1968 година.

Сантана и Маркус престанале да контактираат кога тапанарот бил обвинет за злочин и испратен во затворот Сент Квентин. Кога ја отслужил казната, Маркус не можел да најде постојана работа и почнал да живее на улица.

 

Сантана ја видел емисијата и го замолил новинарот да се сретнат, а средбата била навистина трогателна.

23.12.2013 - 09:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега