ФОТО: Македонската пејачка се пофали со новото момче
Сања Лефкова е заљубена до уши. Пејачката веќе извесен период е во врска со Мики, кој по професија е угостител, а дека љубовта цвета потврди и самата пејачка.
"Пресреќна сум, убаво ни е. Не знам што повеќе да кажам. Заљубена сум и тоа е најважно", рече Сања за Вечер
Таа и Мики се познаваат долги години. Најпрвин биле пријатели, а потоа пријателството прераснало во љубов.
"Се знаеме многу време. Бевме пријатели. Спонтано се случи се и еве дојде време и официјално да и го претставам на јавноста", вели убавата пејачка од Кочани.
Мики ја освоил со својата скромност и внимание и токму тоа е она што најмногу ја импресионирало пејачката.
"Скромен е, внимателен, ми обрнува внимание. Исто така е и многу искрен и тоа навистина ми значи", откри Сања која новогодишната ноќ ќе ја помине во едно скопско кафуле каде ќе ги забавува гостите, а веднаш после настапот заминува на заслужен зимски одмор со саканиот.