Оглас: Продавам 200 фискални сметки, цена поволна - 200 евра

На еден од интернет порталите за огласување се појави необичен оглас за продажба на ни помалку ни повеќе туку - фискални сметки.

Овој Арачиновец со бистар бизнис ум се сетил дека може и вака да заработи, продавајќи им фискални на сограѓаните кои им сакаат да учествуваат во државната наградна игра Фискална во рака - награди без мака, ем од своите продавачи не земаат уредно фискални сметки.

Да потсетиме првото извлекување за оваа наградна игра е на 30 декември, а поселдното на 30 декември 2014 година. Во игра се сметките со датум од 15-ти ноември па натаму, кога јавно беше објавена наградната игра.

22.12.2013 - 16:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа