ФОТО: 11 студенти загинаа во стравична несреќа во Турција

Најмалку 11 турски студенти загинаа, а 31 лице е рането, во две автобуски несреќи во округот Кајсери, во централна Турција, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Инцидентите се случиле вчера. Жртвите и повеќето од ранетите се студенти од универзитетот Нигде, кои се враќале од зимување во планината Ерџиес.

Првата несреќа се случила, откако возачот на автобусот, кој патувал во градот Хаџалар, загубил контрола врз возилото и тоа се удрило во електричен столб.

Властите на Кајзери веднаш по несреќата соопштија за 11 загинати и 26 ранети.

Кусо по првиот инцидент втор автобус со студенти се судрил со возила на медициските служби, кои се обидувале да им помогнат на ранетите од првата несреќа.

Во втората несреќа се ранети уште пет лица.

22.12.2013 - 12:34
Фото: 
ДХА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега