ХОРОР ВО ВОЗДУХ: Пилотот намерно го урнал авионот и убил 36 лица

Пилотот на мозамбискиот авион, кој се урна во Намибија кон крајот на минатиот месец, намерно ја предизвикал несреќата, во која загинаа 33 лица, покажуваат резултатите од првичната истрага.

- Црните кутии на авионот покажуваат дека пилотот Ерминио душ Сантуш Фернандеш имал јасна намера да го урне авионот Ербаер 190, изјави на прес-конференција Жоау Абреу, директор на мозамбискиот Институт за цивилно воздухопловство. 

Тој додаде дека причините за оваа одлука на пилотот не се познати и оти истрагата продолжува.

Пилотот се затворил во пилотската кабина и не обрнал внимание на сигналите за трегова, ниту му ја отворил вратата на копилотот, кусо пред уривањето на авионот, покажува првичната истрага.

Авионот на мозамбиската национална авиокомпанија ЛАМ полета кон крајот на ноември од Мапуто за главниот град на Ангола, Луанда, со 27 патници и шест членови на екипажот. Меѓу патниците имаше десет државјани на Мозамбик, девет на Ангола, петмина Португалци, по еден Бразилец, Французин и Кинез. 

Европската унија во 2011 година ги забрани летовите на компанијата ЛАМ во европскиот воздушен простор

22.12.2013 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа