Ходорковски му ветил на Путин дека нема да се врати во политиката

Поранешниот руски нафтен магнат Михаил Ходорковски кој пред два дена со декрет беше помилуван од претседателот Владимир Путин, за рускиот весник “Њу Тајмс” изјави дека нема намера да се вклучи во политиката.

Ходорковски во интервју за рускиот весник вели дека тоа било услов за помилувањето откако поминал десет години затвор, но изјави дека во писмото до Путин напишал:

“Јас немам намера да се вклучам во политиката ниту пак да се борам за враќање на имотот на Јукос (нафтената компанија) “му напишал Ходоровски, пренесува Ројтерс.

22.12.2013 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега