Раул Кастро: Куба сака подобри односи со САД но нема да попушти

Куба сака подобри односи со САД, но никогаш нема да попушти пред барањата за промена во нејзиниот политички и економски систем, изјави кубанскиот претседател Раул Кастро. 

- Ние не бараме од САД да го променат политичкиот или социјалниот систем и не прифаќаме преговорите за нашиот систем, нагласи тој. 

Кастро во обраќање пред пратенците истакна дека двете земји по непријателството, кое траеше над половина век, успеале да одржат разговори за прашања од заеднички интерес. 

- Доколку навистина сакаме да го поттикнеме развојот на билатералните односи, потребно е да научиме да ги почитуваме нашите разлики. Доколку тоа не се случи подготвени сме да да живееме уште 55 години во истата ситуација, рече Кастро.

22.12.2013 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега