Том Круз и Бред Пит во уште еден заеднички филм

Во филмското остварување, насловено како „Go like Hell“, на задоволство на многумина  повторно заедно ќе ги видиме големите ѕвезди, Бред Пит и Том Круз.

Странските медиуми пренесуваат дека режисерот Џозеф Косински одлучил повторно да ги здружи овие големи актерски имиња. Остварувањето „Go like Hell“, е приказна за натпреварувачите во прочуената трка „Le Man“ која трае 24 часа, како и легендарното ривалство помеѓу Форд и Ферари во 1966 година.

 

Круз ќе го толкува Карол Шелби, инженерот кој стана возач и во 1959 година го освои овој натпревар. Пит и Круз прв и последен пат се појавија заедно на филмското платно во филмот „Интервју со вампирот“ од 1994 година.

20.12.2013 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега