ФОТО: Ахмети се сретна со бугарскиот амбасадор Иван Петков

Во седиштето на Демократската Унија за Интеграција, Претседателот Али Ахмети, се сретна со Амбасадорот на Бугарија во Република Македонија, Г. Иван Петков.

Г. Ахмети и Амбасадорот Петков разговараа околу односите помеѓу Македонија и Бугарија, самитот на Европската Унија како и за политичките теми кои што се од взаемен интерес.

Претседателот Ахмети ја нагласи потребата за скоро решавање на прашањето со името, но и на потпишувањето на договор за добрососедски односи со Бугарија при што ја нагласи својата поддршка тоа да се постигне што е можно поскоро.
Лидерот Ахмети уште еднаш оцени дека НАТО и ЕУ се единствената опција за Македонија и дека немаме друга алтернатива и затоа треба да направиме се што е можно за да ја реализираме оваа стратешка определба. Г. Ахмети ги покани соседните земји да го помогнат овој процес со конструктивен и активен приод затоа што успешноста на процесот е значајна за целиот регион.

Демократската Унија за Интеграција стреми кон зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ, развивање на здрави меѓуетнички односи во земјата како и добрососедски односи во регионот, доследно имплементирање на Охридскиот Договор како и економски развој.

За да се олесни постигнување на договор помеѓу Бугарија и Македонија, Претседателот Ахмети охрабрува по чести но и конструктивни средби на кои што треба да се постигне напредок за да се надмине ова отворено прашање.

Зборувајќи околу следните претседателски избори, Претседателот Ахмети ја повтори определбата на ДУИ за да се избере Претседател кој што ќе ги претставува сите граѓани, ќе им припаќа на сите граќани и ќе биде прифатлив за сите.

19.12.2013 - 16:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега