„Њуз оф д Ворлд“ ја прислушкувал принцезата Кејт

Судот во Лондон денеска откри дека веќе весникот „Њуз оф д ворлд“  и ги прислушувал  телефонските разговори на британската принцеза Кејт Мидлтон, тогаш девојка на принцот Вилијам.

Поранешните уредници на таблоидот Ребека Брукс и Енди Коулсон, на кои им се суди заедно со уште петмина обвинети за неовластено прислушување, ги отфрлија обвиненијата.

Весникот „Њуз оф д ворлд“ престана со работа во јули 2011 година по 169 години постоење, по истрагата спроведена по скандалот со прислушувањето на телефоните на познати личности и „хакирање“ на нивните телефонски пораки. 

19.12.2013 - 15:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа