Јанкулоска работно во Будва

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска и утре во Будва ќе учествува на форумот ЕУ-Западен Балкан на кој ќе учествуваат министрите за внатрешни работи и за правда на земјите од западниот Балкан, како и претставници на ЕУ.

Се очекува министерката Јанкулоска во текот на денешната попладневна сесија на форумот да има обраќања посветени на механизмите за следење на поствизната либерализација, како и за граничното управување, особено од аспект на регионалната соработка.

Јанкулоска попладне ќе се сретне со српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ и со нејзиниот косовски колега Бајрам Реџепи. За утре е предвидена средба на министерката со црногорскиот министер за внатрешни работи Рајко Коњевиќ.

19.12.2013 - 15:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега