Светски берзи: Доларот зајакнува

 
 
EUR/USD
Еврото во текот на претпладнето се задржа во близина на двенеделниот минимум во однос на доларот. Вчерашниот пад на валутниот пар ЕУР/УСД се должи на зајакнувањето на доларот, што се случи откако беше објавено дека Федерални резерви на Америка одлучија да го намалат месечното купување на обврзници од 85 на 75 милијарди долари. Добрите економски податоци кои неодамна беа објавени во САД имаат влијание на оваа одлука, на Федерални резерви, меѓутоа Бен Бернанке се уште актуелниот претседател на Федералните резерви изјави дека каматните стапки ќе останат на рекордно ниско ниво за еден подолг временски период со цел да се обезбеди континуиран економски раст . Во текот на овој ден нема значителни извештаи во еврозоната, така што овој валутен пар ќе продолжи да се движи под влијание на американската валута. Во текот на утрото, еврото падна 0.20% во однос на доларот.
 
 
На едночасовниот графикон MACD е во фаза на прекумерна продажба  додека RSI осцилира над нивото на препродаваност.Цената по пробивањето на долната  Bollinger  линија  почнала да осцилира така да е можно продолжување на осцилирањето. Наша препорака би била куповна позиција. 
Примарен отпор : 1.38315
Примарна поддршка : 1.36150
Напредна референцијална точка :
Haша препорака: Куповна позиција со влез на 1.36600, со прва цел на 1.36800и втора цел на 1.37000
Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1.36400  тогаш е можен понатамошен пад на 1.36000
Коментар: MACD е во фаза на прекумерна продажба  додека RSI осцилира над нивото на препродаваност.Цената по пробивањето на долната  Bollinger  линија  почнала да осцилира така да е можно продолжување на осцилирањето. 
Тренд:  Осцилирање на краток рок,странично движење на долг рок. 
 
GBP/USD
Британската фунта во текот на претпладнето беше поприлично мирна.Денес објавениот извештај покажа очекуван раст на малопродажбата од 0,3% во текот на ноември меѓутоа, на годишно ниво од 2.0% не ги исполни очекувањата.Одличните резултати од пазарот на труд во Велика Британија кој покажале дека стапката на невработеност опаднала од 7.6% на 7.4% успеале вчера да го одржат валутниот пар GBP/USD  и покрај ојакнувањето на доларот.Во текот на претпладнето стерлингот опаднал 0,12% во однос на доларот. 
 
 
На едночасовниот графикон MACD е во фаза на прекумерна куповина додека RSI  има опаѓачки тренд.Цената се движи меѓу средната и долната Bollinger  линија  така да е можен пад. Наша препорака би била продажна позиција.
 
Примарен отпор : 1.64650
Примарна поддршка : 1.61890
Напредна референцијална точка :
 
Haша препорака: Продажна позиција со влез на 1.63500, со прва цел на 1.63300 и втора цел на 1.63000 
 
Алтернативно сценарио: Доколку цената се издигне над 1.63600 тогаш е можен понатамошен раст на 1.64000
 
Коментар: MACD е во фаза на прекумерна куповина додека RSI  има опаѓачки тренд.Цената се движи меѓу средната и долната Bollinger  линија  така да е можен пад
 
Тренд:  Осцилирање на краток рок,странично движење на долг рок.  
 
S&P 500
Цената на фјучерсите на американските акции го забавиле вчерашниот раст и претпладнето го поминале осцилирајќи во близина на претходно достигнатата вредност.S&P500 индексот повторно се приближи на рекордно високата вредност поттикнат од оптимизмот дека и покрај намалувањето на програмата за куповина на обврзници Фед планираат да ја задржат прилагодливата монетарна политика која ке пдоролжи да го подржува економскиот раст.Во текот на претпладнето S&P500 индексот опаднал 0,14% 
 
На едночасовниот графикон MACD е во фаза на прекумерна куповина  додека RSI осцилира одма под ова ниво.Цената  по пробивањето на горната  Bollinger  линија  почнала да осцилира така да е можно продолжување на осцилирањето. Наша препорака би била продажна позиција.
Примарен отпор : 1813.00
Примарна поддршка : 1770.00
Напредна референцијална точка :
 
Haша препорака: Продажна позиција со влез на 1800.00, со прва цел на 1797.50 и втора цел на 1794.00
 
Алтернативно сценарио: Доколку цената се издигне над 1801.50 тогаш е можен понатамошен раст на 1805.00
 
Коментар: MACD е во фаза на прекумерна куповина  додека RSI осцилира одма под ова ниво.Цената  по пробивањето на горната  Bollinger  линија  почнала да осцилира така да е можно продолжување на осцилирањето. 
 

 

Тренд:  Осцилирање на краток рок,странично движење на долг рок. 
 

Извор: FX Lider

 

19.12.2013 - 14:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа