Катимерини: Силен притисок врз Грција по последната блокада за Македонија

 

Состанокот на Советот за општи работи на ЕУ не помина безболно за Грција, пишува грчкиот весник „Катимерини“ повикувајќи се на извори од грчкото МНР. 

- Неколку колеги, со помош на комесарот Штефан Филе, вршеа притисок на Македонија да и се даде датум за почеток на преговори, на што Грција и други земји силно се спротивставија, пишува весникот.

Ова прашање, како и интервенциите за промена на текстот за Македонија во заклучоците, предизвикале прекин на состанокот. Грчката страна барала во текстот да стои дека Скопје треба да „направи суштински ( значителни ) чекори за добрососедство“, додека останатите не сакале да се ставаат придавки.

- На крајот се дојде до компромисниот збор ’опипливи’: Скопје треба да направи опипливи чекори за добрососедство, пишува „Катимерини“.

19.12.2013 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега