Инспекторите затвораат фирми - половина од градежните компании ги терале работниците да работат и покрај загаденоста

Државниот инспекторат за труд во изминатите два дена извршил вонредни надзори низ Македонија за да провери дали градежните компании ги почитуваат препораките на Владата на РМ во однос на загадениот воздух. Според препораките, градежните работници на отворено треба да работат од 11 до 17  часот.

- Државните инспектори за труд извршија вкупно 65 контролни надзори на градежните компании кои во моментот имаат објекти во градба. Притоа е констатирано дека кај 32 се почитува препораката, а кај 33 се  донесени забрани за вршење дејност во периодот додека трае препораката за да се ограничи, односно стопира изградбата на објекти, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Тој посочи дека ако не се почитуваат забраните се изрекува и парична казна од 5.000 до 8.000 евра за правното лице и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице. 

19.12.2013 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега