Ја дава ќерка си за милион лајкови на Фејсбук

Салем Ајаш од Јемен, на својот Фејсбук профил објави дека ќе ја омажи својата ќерка за оној кој ќе му овозможи милион лајкови на неговата страница и за неговите песни кои таму ги објавува.

Со ова се започна голема расправа на Фејсбук за етичноста на постапката но и за обичајот на „плаќање бракови“, односно големите мирази, на кои младите во Јемен се повеќе се спротивставуваат, а тој досега собрал околу 30 илјади „ми се допаѓа“.

Според Салем оваа одлука е исправна бидејќи тој  го направил ова за да го спади идниот зет од плаќање мираз.

 „Затоа побарав виртуелен мираз“, изјави таткото пред новинарите на Би-Би-Си, а понудата може и да се намали ако види дека младоженецот многу се труди.

19.12.2013 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега