Три месечно бебенце се бори за живот по вчерашниот пожар во Тетово

21 лице побарале помош во тетовскиот Медицински центар по вчерашниот пожар кој избувна во станбена зграда во Тетово. Шест од нив, меѓу кои и едно три годишно дете се задржани на лекување, но се надвор од животна опасност.

Во потешка здравствена состојба е едно три месечно бебе кое е сместено во скопскиот Клинички центар.

Според информациите од Кризниот штаб кој се одржал веднаш по завршувањето на акцијата за евакуација во станбената зграда, сите станари се згрижени кај свои роднини и пријатели, освен едно лице кое е во касарната во Тетово.

Локалната власт во Тетово обезбедила храна за станарите од зградата.

19.12.2013 - 08:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега