МВР од денеска и на скутери

Министерството за внатрешни работи денеска ќе добие донација од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Договорот за донација ќе го потпишат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Никола Ангелковски.

МВР ќе добие скутери кои Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги наменува за потребите на сообраќајната полиција.

19.12.2013 - 08:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа