СЕП: Македонија ги исполни политичките критериуми за членство во ЕУ

Македонија ги исполни политичките критериуми за членство во ЕУ, но за жал не беше прифатена препораката на ЕК за започнување на преговорите по петти пат, поради непостоечкиот консензус од страна на земјите членки. Ова беше заклучено на денешниот Совет на ЕУ од страна на Секретаријатот за европски прашања. 

Во однос на пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) Советот наведува дека ќе продолжи да ги решава идентификуваните реформи, вклучувајќи и спроведувањето на политичкиот договор од 1 Март како и отворените прашања со соседите, бидејчи веќе придонел во повеќето области на политиката, вклучувајќи и намалувањето на судскиот застој и напорот на земјата против организираниот криминал.

- Иако не е замена за започнување на преговорите, пристапниот дијалог на Високо Ниво (ХЛАД) е важна платформа за Македонија да продолжи во нејзиниот пат кон европската интеграција. Владата на Република Македонија ја предвидува работата што претстои, го поздравува финансискиот ангажман на ЕУ во Македонија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за 2014-2020 и се заложува за евро-интегративната агенда и добрите меѓусоседски и меѓуетнички односи артикулирани во заклучоците на Советот, посочува Фатмир Бесими, вицепремиерот задолжен за европски прашања.  

Како што е веќе усвоен, во годишниот Акциски план на Владата за 2014 година, работата ќе продолжи кон успешното спроведување на Охридскиот рамковен договор, а дополнителни чекори ќе бидат направени за да се заштитат владеењето на правото, слободата на изразување и улогата на медиумите во општеството и Стратегијата за Ромите и човекови права, стои во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот Бесими.

18.12.2013 - 16:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа