Словачка: Косовски нарко бос осуден на 22 години затвор

Словачкиот суд  го осуди 65-годишниот Баки Садики од Прешево на 22 години затвор под обвинени за шверц на 120 килограми хероин од Турција во Словачка во 2007 и 2008 година.

Ова беше второ судење на Садики, кого словачките медиуми го опишуваат како за шеф на косовско-албанската нарко мафија во Словачка, бидејќи на тоа инсистираа властите во Приштина, кои ја условуваа неговата екстрадиција со повторување на судскиот процес.

Садики од Словачка успеа да побегне на почетокот на 2010 година непосредно пред полициската рација во неговата куќа во Татрам. Словачката полиција во мај истата година откри дека тој се крие во Косово, по што Владата во Братислава достави барање за екстрадиција до Белград, со образложение дека не го признава Косово и оти Садики мора да го испорача Србија.

Првото судење на Садики се одржа во 2011 година, кога во отсуство беше осуден на 22 години затвор, а двајца негови соработници, словачи државјани, заработија затворски казни во траење од 15 години затвор.

По пресудата словачките власти побара негово апсење и екстрадиција од Еулекс. Тој беше уапсен во есента 2012 година, по што од Приштина беше екстрадиран во Словачка.

18.12.2013 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега