Босанските институции: Нема починато бебе по вакцинирање со дитепер вакцина

Институциите од Босна и Херцеговина негираат дека починало бебе отакако примило вакцина дитепер.

Велат дека информацијата за тоа дека едно бебе починало при вакцинирање не е точна,  грешни се и тврдењата на повеќе босански медиуми дека привремено запира вакцинирањето на бебињата со вакцината дитепер IPV и HIB во Босна и Херцеговина откако непосредно по вакцинирањето починало бебе од шест месеци.

Како што јавија локалните медиуми, налогот за прекин на вакцинирањето доаѓа од Заводот за јавно здравство во Сараево, додека истражните органи отвориле истрага за смртта на бебето.

18.12.2013 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега