Голема трагедија во Србија - три дечиња изгореа во пожар

Голема трагедија се слуучи вчера во СРбија. Три мали деца, на возраст од две, три и четири години, загинаа во пожар во местото Велика Плана, во близината на Младеноваце. Децата биле сами и заклучени во куќата. Покривот се урнал од пожар кој избувнал во куќата. Причините за сега не се познати. Станува збор за деца од семејство на бегалци од Хрватска.

 Пожарот избувнал во 17.30 минути во семејната куќа со површина од  50 квадрати, изјавил началникот на Секторот за вонредни ситуации на МВР Предраг Мариќ 

На помош дошле четири пожарникрни возила со осум пожарбникари. Својата интервенција ја завршиле за само осум минути, но тоа сепак било предолго време бидејќи станува збор за многу мали деца. Безживотните тела на 2- годишната Маја, и 3- годишнитот Димитрије и 4- годишниот Ненад Николиќ биле пронајдени под кревет, додека во соседната соба имало печка на дрва.

Началникот на полицијата изјавил дека родителите не биле дома.

 

18.12.2013 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега