Украинската владејачка партија бара смена на речиси сите министри

Владејачката украиснка партија  денеска побара од премиерот Микола Азаров да го смени речиси целиот составот на неговиот владин Кабинет, изјави пратеничката Ана Герман.

Според пратеничката, на средба со премиерот и министрите, пратеници од владејачката партија побарале смена на „90 проценти од Владата“.

Азаров вети дека ќе го информира претседателот Виктор Јанукович за ова барање, по што ќе биде донесено решение. Тој нагласи дека пратениците не побарале оставка од него.

Јанукович во петокот се закани со смена на државните службеници, кои учествуваа во подготвката на договорот за асоцијација на Украина со ЕУ. 

16.12.2013 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега