Почина музата на Хичкок, актерката Џоан Фонтеин

Актерката   Џоан Фонтеин почина овој викенд од придона смрт на 96 години, а веста ја потврди нејзината лична асистентка.

Џоан Фонтеине позната по улогата во филмовите на Хичкок „Ребека“ и „Сомнеж“, а за двата филма беше номинирана за Оскар и златната статуетка ја доби за „Сомнеж“.

После 1950 година се сврте кон телевизиските и театарските проекти, но никогаш повеќе не беше успешна како што беше кога работеше со славниот режисер.

 

Имаше бурен приватен живот, а се мажеше дури четири пати. После последниот развод изјави дека за неа „бракот е како институција мртов“ и повеќе не се омажи

16.12.2013 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа